(ВИДЕО) Јајоска: Одговорност мора да има по признанието на Ѓорчев за непријавените приходи од 1.200 евра

Од:

По тридневен молк пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев се огласи и ги призна непријавените приходи на неговата сопруга, коишто коишто му донеле околу 15.000 евра за само една година. По признанието на Ѓорчев дека имал непријавени приходи од 1.200 евра месечно, на име на неговата сопруга, Државната комисија за спречување на корупцијата има законска обрвска да отвори предмет и да ја информира јавноста, рече Рената Јајоска, членка на ИО на СДММ.

Недозволиво е Антикорупциската комисија, на чело со Игор Тантуровски, инаку донатор на ВМРО-ДПМНЕ, четири дена да молчи за непријавените приходи на Влатко Ѓорчев во анкетниот лист.

Очигледно криминалната власт за да го заштити сопствениот криминал создаде целосно нефункционални институции. Затоа донаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Тантуровски беше поставен за прв човек на Антикорупциската комисија.

Со ова уште еднаш на дело се покажува дека нема вистинска борба против корупцијата и криминалот туку постојат само обиди да се покријат криминалите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Никола Груевски се плаши од правдата, се плаши од вистината. Затоа бега од слободни, фер и регуларни избори, се надева дека така ќе ја спаси сопствената кожа.

Но јасно е, нема спас за криминалната власт.  Аболицијата целосно ќе се пониши, правдата ќе се врати. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он