Француски брод „уловил“ сигнали од дното на Средоземно Море, веројатно од црните кутии на авионот на „Иџипт ер“

Од:

Египетските власти денеска соопштија дека француски брод, што учестува во потрагата во Средоземно Море по урнатиот авион на компанијата „Иџипт ер“, се претпоставува дека пресекол сигнали од црните кутии на леталото, пренесоа американските медиуми.

Веста ја соопшти Министерството за цивилна авијација во Каиро, што се повикува на комисијата што ја истражува несреќата. Таа посочува дека францускиот брод „Лаплас“ „ги уловил“ сигналите.

Бродот „Џон Летбриџ“ на компанијата „Дип оушн срч“ (Deep Ocean Search), во текот на оваа недела ќе се приклучи кон истражната екипа.

Сигналите, кои ги емитуваат црните кутии, а ги запишуваат податоците за летот и разговорите во кабината на авионите, можат да бидат „ловени“ дури и на голема длабочина.

Регионот на пребарување во Средоземно Море по авионот на „Иџипт ер“, што на 19 мај се урна со 66 лица во него, веќе е стеснет на пет километри.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина