Објавен тендерот за реконструкција на фасадата на Владата

Од:

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија го објави тендерот за реконструкција на фасадата и на осветлувањето на објектот на Владата.

Градежните работи ќе се вршат по зададен проект, кој е интергален дел од тендерската документација.

За да можат да учествуваат, компаниите треба да имаат доставено ревидирани и објавени завршни сметки според законите на Македонија за изминатите 3 години. Минимален критериум за одредување на економската и финансиска подобност е компаниите да имале минимален промет од 5 милиони евра годишно исто во изминатите 3 години.

Од заинтересираните компании се бара и потврда дека имаат извршено барем две зделки кои вклучуваат градежни работи во кои е употребена не помалку од 3 илјади метри квадратни челична арматура. Покрај останатите услови потребна е и банкарска гаранција во износ од 5 отсто од вредноста на градежните работи, како и банкарска гаранција во износ од 2 отсто во текот на гарантниот период.

Тендерот ќе се одвива по патна електронска аукција, а документите треба да се достават до 24 декември во 10 часот.

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи