Македонија 37-ма во светот за водење бизнис

Од:

Македонија се најде на 37 место од 141 земја на годишната листа меѓу државите погодни за водење на бизнис на американското економско списание „Форбс.“

Македонија го зазеде второто  и петтото место и истовремено е најдобро рангирана во категориите монетарна слобода и бирократија.

Во категоријата заштита на инвеститорите Македонија е рангирана на 19 место, во даночната политика е на 22 место, во слободата на тргувањето се најде на 48-та позиција, корупцијата на 60, во личната слобода е 67, а во технологијата на 69 место.

Македонија бележи полошо рангирање само во категориите сопственички права, каде се најде на 84 место и во категоријата иновации, рангирана на дури 108 место

Македонија е подложна на економските случувања во Европа, поради силните банкарски и трговски врски, а континуираниот економски раст зависи и од регионалната интеграција и напредокот кон членството во ЕУ, се вели меѓу другото во образложението на Forbes.

Во споредба со соседните држави, Македонија е најдобро рангирана, а следат Црна Гора (на 45 место), Хрватска (47), Бугарија (49), Турција (52), Грција (68), Албанија (74), БиХ (85) и Србија (90). Од поширокото опкружување, единствено Словенија е подобро рангирана до Македонија и се најде на 23 позиција.

На врвот на листа на Forbes, како најпогодна држава за водење бизнис се најде Нов Зеланд, кој напредуваше од минатогодишното второ место првенствено поради транспарентната и стабилна деловна клима, која го поттикнува претприемништвото.

На второ место е Данска, а следат  Хонгконг, Сингапур, Канада, Ирска, Шведска, Норвешка, Финска и Велика Британија.

САД забележаа пад на листата на Forbes на 12 место, откако лани беа на 10-тото, а во 2009-тата година беа на втората позиција

Во составувањето на листата Форбс се потпре на податоците и извештаите на повеќе релевантни институции, како што се ЦИА, „Фридом Хаус“, „Херитиџ фаундејшн“, „Проперти рајтс алајанс“, „Транспаренси интернешнл“, „Светската банка“ и „Светскиот економски форум“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ