СДСМ: Влатко Ѓорчев ги призна непријавените приходи, јавноста чека одговори за богатењето!?

Од:

„Не собра храброст Влатко Ѓорчев да се појави во јавноста и да одговори за непријавените хонорари на неговата сопруга туку кукавички одлучи да се крие зад писмено соопштение од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, после три дена молк Влатко Ѓорчев се огласи и потврди се.

Ѓорчев потврди дека неговата сопруга земала хонорари преку Министерството за надворешни работи. Според објавените Договори со МНР хонорарите за сопругата на Ѓорчев биле во висина од 1.200 евра месечно или околу 15 илјади евра за период од една година.

По признанието Ѓорчев треба да и одговори на јавноста на клучните прашања:

Зошто не ги пријавил хонорарите на неговата сопруга во Анкетниот лист?

Има ли и други непријавени приходи?

Како се збогатил Влатко Ѓорчев со имот од околу 400 илјади евра, според Анкетниот лист?

Дали непријавените приходи се е тајната формула за богатењето на Влатко Ѓорчев?“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он