Во Скопје осум сообраќајки со осум повредени од кои еден потешко

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил возач на трактор, во четири со полесни повреди се здобиле седум лица, а три се само со материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Дваесет и шест возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, седум возачи не ги почитувале правилата за престигнување, тројца возачи не ги почитувале правилата за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор и осум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувале на возилото.

Затекнати се и четворица возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носеле заштитен шлем.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 70 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници во автобус на ЈСП со учениците од трето одделение во ОУ „Лазо Трповски“ и едукативни работилници со ученици од второ одделение од ОУ „Његош“, Колонија Идризово, општина Гази Баба.

Од 9 до 13 часот пред порта „Македонија“ ќе се одржи прослава по повод 10 години Воен музеј на Министерството за одбрана. Со цел безбедно одвивање на сообраќајот, како и на оваа манифестација од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање на сообраќајот, а по потреба и пренасочување на истиот.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот