Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за образование, наука и спорт, за транспорт, врски и екологија и на Законодавно-правната комисија.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да расправа за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање, а Комисијата за одбрана и безбедност за предлог – законите за изменување и дополнување на законите за заштита и спасување и за полиција, двата по скратена постапка, во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог – законот за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка, во второ читање, а на Комисијата за транспорт, врски и екологија закажана Предлог – законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, исто така по скратена постапка, во второ читање.
За законите за кои ќе расправаат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за образование, наука и спорт, за транспорт, врски и екологија, на седница ќе се изјаснат и членовите на Законодавно-правната комисија.