А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Синдикат на УПОЗ: Почнаа притисоци, прават списоци на штрајкувачи

by А1он30/05/2016 - 15:20191
Share0

На деветтиот ден од штрајкот во судовите во Република Македонија, денес почнаа и првите притисоци врз вработените. Денеска со допис од претседателот на Судскиот буџетски совет на претседателите на судовите им беше наложено, веднаш да достават списоци за тоа кои вработени штрајкуваа, тврди Синдикатот на УПОЗ.

Добивај вести на вибер

„За Синдикатот ова е обид да се направи поделба на вработените и да се заплашат дека доколку и натаму продолжат со штрајкот ќе добијат само 60% од платата. Но ваквиот притисок уште повеќе ги тера да истраат во борбата за остварување на главните барања од штрајкот, зголемување на додатоците на плата и измена на Законот за судска служба.

Синдикатот на УПОЗ е изненаден од ваквиот нов однос на Судскиот буџетски совет кој веројатно уште еднаш сака да бидат казнети судските службеници – првпат беа казнети кога надлежните не предвидоа зголемување на додатоците на плата и сега со евентуално намалување на нивата плата. Изгледа дека надлежните не знаат дека 70% од вработените во судовите земаат плата под просекот во Р. Македонија. Затоа, доколку надлежните од судската власт решат да ја спроведат ваквата одлука, ќе ги доведат вработените во судовите во уште потешка социјална и економска состојба.
Иако до денес бевме охрабрувани дека барањата се оправдани и издржани и добивавме поддршка од судската власт и претседателите на судовите, денес тие под закана за казнување се обидоа да ги тераат вработените да се потпишат на некакви списоци, што е спротивно на законот.
Судската власт мора да разбере дека штрајкот кој е во тек е резултат на нивниот нееднаков третман на судската служба и на игнорантскиот однос спрема Синдикатот и вработените во судовите. Вината за организирање на штрајкот е кај нив и доколку вработените во судовите бидат казнети со задршка на 40% од нивните плати, само ќе докажат дека Министерството за правда и Судскиот совет се џелати на сопствените вработени.

Ова дотолку повеќе што Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација уште минатата недела доставија Предлог – спогодба по која доколку прифатеа да преговараат и ја потпишеа, штрајкот можеше да заврши веднаш.

Нека ваквите притисоци им служат на честа и совеста на надлежните, кои уште еднаш потврдија дека не знаат дека во судовите покрај судиите работат стручни и компетентни судски службеници.“, се вели во соопштението од УПОЗ.

upoz

Би можело да ве интересира

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:05

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02

Деановски: По речиси две години преговори, барањата на синдикатот се прифатени

Горан Наумовски08/02/2026 - 12:5108/02/2026 - 13:18

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски05/02/2026 - 12:5805/02/2026 - 13:46

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:2605/02/2026 - 07:26

Синдикатот на УПОЗ бара исплата на ноемвриската плата и заостанатите додатоци за вработените во судовите

Горан Наумовски11/12/2025 - 13:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен