Студенти, ќе дозволиме ли во гласањето за ректор на УКИМ, во наше име, да гласаат послушници кои што не ги застапуваат нашите ставови, праша Студентскиот пленум денеска преку објава на својата страница на Фејсбук.
„Нелигитимните студентски претставници се вечна болка на УКИМ. Овој пат, Универзитетот бира ректор со нелегитмни студентски претставници кои наместо да го претставуваат студентскиот глас, тие се декор за нечии интереси.
Дознаваме дека се именувани 10 нови претставници, без студентите да знаат кои се тие и на кој начин се избрани. Ректорската управа е закажана за 15 јуни 2016, додека изборот ќе се спроведе на 27 јуни 2016 година и планирано е да гласаат новоименуваните претставници.
Потсетуваме дека мандатот на претставниците на Студентскиот парламент заврши во 2015 година, а избори сè уште не се одржани!“, се наведува во реакцијата на Студентски пленум.