СДСМ: Иванов го прошири хаосот, донесени Одлуки со ист број кои се неважечки

Од:

„Хаосот во којшто се наоѓа Ѓорге Иванов и во којшто ја втурна цела Македонија со незаконските и неуставни одлуки за аболиции, по нарачка на Никола Груевски, дополнително се проширува.

По објавувањето на Одлуките за поништување на дел од неуставните одлуки за помилување, видливо е дека лицето Ѓорге Иванов има донесено две Одлуки со ист број: 08-534/1.

Овие Одлуки на Иванов се со ист број иако се однесуваат на различни случаи коишто се предмет на спроведување на постапка.

Со тоа едната Одлука на Иванов е неважечка и нема правно дејство. Дополнително, тоа значи дека Одлуката на Иванов со број: 08-543/1 објавена во Службен весник на 12 април 2016 година се уште е на сила.

Или Иванов намерно го проширува хаосот или воопшто не знае какви одлуки носи.

Хаосот што го создаде Иванов, за да ги заштити криминалците во власта, може да се реши само со целосно поништување на неуставните одлуки за аболиции.

Едно е јасно. Мора да има целосно поништување на неуставните одлуки за аболиции. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он