Груевски: По најпозитивниот извештај на ЕК очекуваме датум за преговори

Од:

Четири години по ред добиваме позитивен извештај од Европската Унија, добивме визна либерализација, а сега сме во очекување да го добиеме она што го заслужува Република Македонија и сите граѓани, а тоа е да добиеме датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, потенцира претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на отворената трибина за граѓаните што се одржа синоќа во ОУ „11 Октомври“, во присуство на министри од Владата и претставници на партиското раководство.

Груевски потсети дека неодамна го добивме и најпозитивниот извештај за напредокот на Македонија, но останува, како што рече, да се постигне внатре во Унијата консензус, но една земја членка се спротивставува, посочи, а познато е и од кои причини, да се донесе одлука.

– Ние сме подготвени да разговараме, да бараме решение со таа земја – членка, но истовермено да внимаваме и на нашите национални и државни интереси. Ние ќе продолжиме со цела енергија да работиме на ова прашање, тоа е наш приоритет, наша заложба, но со цела енергија и да внимаваме во делот на почитување на државните и национални интереси, рече премиерот Груевски.

Улогата на секоја Влада, истакна, е не само да решава проблеми, туку и да нуди повеќе можности за граѓаните.

Во врска со изјавата на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски за тоа што ќе се случи доколку добиеме или не добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, Груевски констатира дека повторно се работи за негова манипулација на која, како што рече, многу малку луѓе „загризуваат“.

Говорејќи за реформите во образованието, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, меѓу другите ги спомена учебниците за средните училишта кои наредната година ќе бидат преведени во делот на техничките науки, а превземени од најквалитетните учебници во Британија и Скандинавските земји.

Потсети и за обезбедените компјутери, изградбата на спортските сали, ваучерите за компјутери за студентите чии семејства добиваат социјална помош, намалената партиципација за факултетите, отворените 25 нови факултети, како и 50 – те дисперзирани студии.

Во областа на здравството, потенцира тој, инвестирани се повеќе од 100 милиони евра во најсовремена медицинска опрема за Клиниките и за ЈЗ Установи  ширум Македонија, како и за реновирање или комплетна изградба на нови објекти, а намалени се и цените не лековите. Плаќањето по учинок за лекарите, укажа Груевски, е проект кој ќе воведе конкурентност, но и за да се воведе западни стандарди во однесувањето на лекарите.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он