ДОМ: Водно повторно под напад на градежната мафија

Од:

Од ДОМ со згрозеност го гледаме еколошкиот криминал кој повторно му се случува на Водно. Градежната мафија го нападна делот над Детската клиника каде се сечат дрвја за да се пробијат диви патишта од по неколку километри, преку кои ќе се носи градежен материјал за изградба на приватен објект за домување, велат од Секторот за односи со јавност на ДОМ.

Од ДОМ бараат:

Надлежните од општина Карпош, во чиј опфат се врши овој еколошки криминал, како и Град Скопје итно да излезат на терен и да спречат понатамошни активности на теренот.

Санкционирање на криминалот со покренување кривична пријава и судска завршница.

Прекршителот итно да изврши целосно обесштетување за нанесената штета.

Вистинско враќање на статусот заштитено подрачје на Парк Шума Водно, како и носење на вистински Закон за Зеленило.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски