(ВИДЕО) Јајоска: Со молкот за непријавените хонорари од 1.200 евра месечно Ѓорчев го потврди скандалот

Од:

Втор ден ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Влатко Ѓорчев молчат за непријавените хонорари од 1.200 евра месечно за неговата сопруга преку Министерството за надворешни работи. Додека студентите живеат во лоши услови, со печурки во влажните соби и лебарки во храната, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат со парите на граѓаните, вели Рената Јајоска, членка на ИО на СДММ.


 
Зошто пратеникот Влатко Ѓорчев не ги пријавил во Анкетниот лист хонорарите на неговата сопруга од 1.200 евра месечно?
 
Има ли и друг непријавен имот Влатко Ѓорчев?
 
Очигледно, молкот на Влатко Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека е фатен во непријавени финансии коишто му создале приходи од околу 15.000 евра годишно.
 
Државната комисија за спречување на корупција досега за ништо не реагираше а гледаме дека молчи и за овој скандал.
 
Наместо со молкот да ги штити функционерите од ВРМО-ДПМНЕ Комисијата има законска обврска за оформи предмет за Влатко Ѓорчев и да ја информира јавноста за тоа.
 
Овој пример со непријавените приходи на Влатко Ѓорчев уште еднаш покажува дека селективна правда е неправда и дека законите мора да важат за сите подеднакво.
 
Аболицијата мора целосно да биде поништена. Секој што го прекршил законот да одговара.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците