Давид Мијалов од Триатлон клубот Ана-Да од Радовиш го освои првото место на отвореното првенство во дисциплината акватлон во Белград во категоријата кадети од 13 до 15 години, информира Триатлон федерацијата на Македонија.
– Ова е голем успех на Мијалов на овој интернационален натпревар кој доаѓа во прав момент пред Балканското триатлон првенство на 11 јуни во Романија и Европскиот триатлон куп за кадети на 19 јуни во Бургас, Бугарија, велат од Триатлон федерацијата и додаваат дека Михајов е нивниот најперспективен триатлонец и стипендист на Агенцијата за малди и спорт, за млади категории.
Од него, додаваат, се очекуваат уште многу врвни резултати.