(ВИДЕО) Кавга во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ сака апсолутно мнозинство во Комисијата за импичмент

Од:

Шест члена од ВМРО-ДПМНЕ, по два члена од СДСМ и ДУИ и еден од ДПА, предлага владејачката партија за новата Комисија за утврдување на одговорност на Ѓорге Иванов околу одлуката за аболиција.

– Формирањето на комисијата за утврдување на одговорност за Иванов е уште еден обид на криминално-мафијашката врхушка на ДПМНЕ за да ја спаси сопствената кожа. Вие по секоја цена сакате да формирате комисија во која што од 11 членови со претседател, 6 членови има ВМРО-ДПМНЕ, два СДСМ, два ДУИ и еден ДПА, соодносот не е таков каков што вие го предлагате. ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство во ова Собрание без ДУИ. И вие немате право да го правите тоа што го правите денеска. Вие се уште не сфативте дека ова не е приватна фирма, рече Сугарески.

Според Зоран Илисоки од ВМРО-ДПМНЕ, владејачката партија уште од првиот момент не се согласувала со аболицијата на Иванов.

– Комисијата нема да носи заклучоци туку технички ќе го достави извештајот до Собранието. Одлуката ќе се носи на пленарна седница. Ние не поднесуваме сметки на странските фактори, туку полагаме сметка само пред народот, рече Илиоски.

Сугарески потсети дека професори од Правниот факултет веднаш по аболицијата истакнаа дека Иванов грубо го прекршил Уставот, нешто што мора да стои во извештајот на Комисијата.

– Свесни сме дека иницијативата нема да помине. Поддршка од ДУИ имате, затоа што ние сме еден од првите субјекти кој побарал Иванов да ја повлече аболицијата и ние ќе инсистираме на тоа, рече Рафиз Аљити од ДУИ.

Единствениот претставник од ДПА во комисијата, Имер Алиу потенцираше дека мора да се разгледа соодносот на членовите со цел да се види каде ќе одат одлучувачките гласови од ДУИ, како и дека предлогот шест члена од ВМРО-ДПМНЕ да бидат во Комисијата е неисправен.

Според Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата не може пред време да му суди на Иванов, а исходот да го дебатираат заедно врз основа на Уставот и Законот.

– Наместо да зборувате за се она што немаме како материјал, се обидовте пред време да осудите се што ви падна на памет. И знаете што, покажавте дека немате демократски капацитет за да направиме нешто врз основа на Закон, Устав и да видиме што од тоа е точно и што од тоа не е точно, што е врз основа на Закон и Устав, а што не е, рече Деспотовски.

Сугарески реплицираше дека тие ја поддржуваат врхушката на ВМРО-ДПМНЕ и дека тој е таму за да зборуваат за злоделото кое е сторено пред еден ипол месец.

– Човекот кој две недели претходно кажа дека нема намера да аболицира силеџии на избори и криминалци, тој по две недели аболицираше. Педесет и шест лица аболицираше, рече Сугарески.

Ермира Мехмети пак, вели дека поради тоа што ова е жешка тема, треба да се остават сите претставници да го искажат ставот на своите партии.

Според Петре Шилегов, иако партиите поднеле свои листи за членови во Комисијата за импичмент, а во листата на опозицијата тој бил веднаш после Горан Сугарески, претседателот на Комисијата, Зоран Илиоски одбрал членови, но не според нивните листи.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година