Исчистена реката Вардар во централното градско подрачје

Од:

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ и на Бригадата на противпожарна заштита ги чистеа водите на реката Вардар во централното градско подрачје од наносите на надојдените води од обилните врнежи на дожд.

Град Скопје информира дека екипите на достапните места рачно и со механизација од водата извадиле големо количество пластична амбалажа, суви гранки од дрвја и поголеми стебла. За да стигнат до местата кои ги расчистуваат, работниците користеа и чамци.

– Има делови од коритото на реката Вардар кои не се достапни и екипите на Градот ќе интервенираат кога ќе се создат услови за безбедно работење, се вели во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче