(ВИДЕО) Медиумите и бегалската криза: Кој и зошто ги заборава заборавените во Република Македонија?

Од:

Селективно известување, отворена поддршка за безбедносните мерки , повремено известување само за некои од проблемите на бегалците. Медиумите не успеаа да ги одбранат професионалните и етички стандарди, а со селективното известување и пропагандата наметнаа во јавноста две работи-дека држават успешно се справува со кризата и дека бегалците се една од поголемите закани за земјава.

Бегалците и нивната голгота останаа во заднината, речиси неслушната. Учесниците на јавната дискусија „Медиумите и бегалската криза: Кој и зошто ги заборава заборавените во Република Македонија“ во организација на ФООМ, на која се покрена ова прашање, посочија примери за таквиот однос на медиумите како и последиците кои предизвикуваат.

– Многу бегалци беа убиени на пругите во Македонија, но никој до сега не даде одговор што се случи со тие луѓе. Немаше истрага од страна на МВР, а најчестиот одговор беше дека пругите не се осветлени. Она што ние се запознавме е дека тие луѓе биле жртви на криумчари, тие биле претепувани, ограбувани и фрлани на пругите. Никој од власта не презема мерки да ги расчисти сите овие случаи, да ги пронајде луѓето за тие убиства и да даде соодветни информации, рече извршниот директор на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска на Јавната дискусија „Медиумите и бегалската криза: Кој и зошто ги заборава заборавените во Република Македонија“ во организација на ФООМ.

Медиумите за бегалската криза и случувањата на ничија земја, на граничниот простор помеѓу Македонија и Грција, известуваа или сензационалистичкии или стигмитизиачки, подгреваји ја ксенофобијата. Минатото лето не бев пуштена да влезам во ресторан со мало дете од сирија, а газдата на ресторанот во Гевгелија ми кажа дека можам само јас да влезам.

Сите известија за тоа, но никој не се зафати посериозно да пишува за ксенофобијата што се случуваше во Гевгелија. Луѓето едноставно ги мразеа бегалците. Целата ксенофобија беше поради фактот што се работи за друга религија и дека се работи за црни луѓе, но целата стигма беше поради религијата. Постојано во јавноста беа исфрлани написи за тоа што прават бегалците во Германија, како силуваат, дека е организирана преселба за да се окупира Европа-и сето тоа беше многу ниско и бедно.

Во последните 2 месеца не се јавил новинар со прашање за бегалаците. Има 56 бегалци во Визбегово, и во Гази Баба уште 30 луѓе. Условите се подобрени, тие се задржани и треба да бидат сведоци во постапката за криумчарите, но голем дел се пуштаат и повторо не се води сметка каде тие одат потоа овие луѓе. Злоупотреби има од прв ден, кримучарите ги судат за илегано пренесување, но не за насилство врз бегалците, рече Пировска.

Новинарката Светлана Антиќ Јовчевска, на дискусијата посочи дека ксенофобијата која се појави за бегалците е очекувана и нормална.

– Како нема да има ксенофобија кога луѓето немаат поим што им се случува кога кај железничката станица изутрина, во нивните дворови има стотина непознати луѓе. Сум имала прилика да разговарам со месното население кое е уплашено, секојдневно преку медиумите слуша за тероризам кој го носат бегалците со себе. Населението ако може, сака да наплати. Порано во Куманово биле вработени и немале интерес дали ќе заработат од бегалските кризи кои се случувале во Македонија, но сега да, сакаат да заработат за парче леб.

Сиротите бегалци од друга страна за пари сакаат да го добијат тоа што им е потребно и тука има размена на стоки. Од друга страна, во Кумановско има непознати луѓе постојано, луѓето не се плашат без оглед дали се црни или Муслимани. Луѓето гледаат да им помогнат и ним и себе. Но медиумите не се занимаваат со населението, кое не е информирано за бегалците и дека можат да им помогнат, рече Антиќ Јовчевска.

Новинарот на Плусинфо, Горан Наумовски кажа дека уште со почетокот на бегалската криза пред две години, локаланото насление заработуаваше исто како и автопревозниците, но откако се дозна дека поголеми групи заминуваат преку Македонија се случи и појавата на шверцери и се повеќе почна да се профитираа од тие луѓе кои се обидуваа да поминат илегално низ Македонија.

– Сега имате шверц конзерва, во еден автомобил се возат од едно до дваесет лица. При најмал дефект може да се случи голема катастрофа. Страшното е што во Македонија никој не води сметка дека тие се луѓе но како и ние да сме забравиле дека од 1945 година до сега, Македонија имала пет бегалски кризи. Од сето тоа профитираат одредени криминални групи, а страдаат луѓето, рече Наумовски.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on