Заплашување на Шпанците со примерот од Венецуела

Од:

Политика – Белград

Секогаш кога на новата партија Подемос („Можеме‟) почнуваат да и се зголемуваат шансите и кога се чини дека на изборите на 26 јуни во Шпанија токму таа партија може да ја добие главната улога во основање на влада, се наоѓа нешто со што се заплашуваат Шпанците и се наговараат никако да не гласаат за тие „несериозни екстремисти‟. Пред изборите на 20 декември владејачките конзервативци со помош на опозициските социјалисти ширеа фама дека Иберискиот Полуостров ќе ја изгуби тешко стекнатата демократија и дека Подемос е екстремно лева опција чија цел е да ја кубанизира Шпанија, т.е. од неа да направи авторитарна држава, без слободни медиуми и демократски институции.

Кризата и хаосот во Венецуела, секојдневните вести за тамошниот недостиг на лекови, намирници, тоалетна хартија…, пружаат идеален повод за повторно ширење на наводни закани од наводна опасност од латионамериканскиот комунизам.

Шпанците со право се незадоволни: невработеноста е голема 21 отсто, многу вработени работници живеат на раб на беда со плата под 1000 евра, двете етаблирани партии и социјалистите и народњаците, се заразени со корупција, но може да биде и многу полошо ако Подемос дојде на власт, пишуваат медиумите и тврдат политичарите во Мадрид.

Најновиот повод за напад на Подемос, партијата која никна од движењето на незадоволните кои неодамна одбележи пет годишнина од своето основање, повторно се настаните во Венецуела. На удар е тамошната врховна судска власт на чие чело е Гладис Марија Гутијерес, поранешна амбасадорка на Венецуела во Мадрид.

Оваа судијка одобри двомесечно воведување на вонредна состојба во Венецуела, што ја бараше претседателот Николас Мадуро. Опозицијата тврди дека вонредната состојба е заведена за да го спречи референдумот за исфрлување на Чавесовиот наследник од претседателската позиција. Меѓутоа, следбениците на Чавесовиот социјализам очекуваат дека за тоа време страстите ќе се смират, ќе се намали инфлацијата и ќе се наполнат продавниците, кои според нивно толкување се испразнети со помош на крупните капиталисти кои уживаат поддршка од Вашингтон.

Каква врска има сето ова со партијата Подемос? Поранешната амбасадорка во Мадрид, која овозможува на претседателот на Венецуела да ги држи конците во свои раце, докторирала во Шпанија и тоа кај некои од професорите кои биле на челни позиции на Подемос. Сето тоа се одиграло многу порано пред да се основа оваа партија, но наспроти тоа младите универзитетски професори кои го сочинуваат идејното јадро на Подемос од секогаш биле обвинувани дека работат за покојниот лидер на социјализмот во 21 век Уго Чавес.

Оваа врска меѓу докторатот на венецуелскиот судија и програмата на левичарската партија, колку и да се чини затегната, за тоа вчера опширно пишуваа сите медиуми. И тие кои се наклонети кон класичната Социјалистичка партија (мадридскиот весник „Паис‟) и тие кои отворено навиваат за крупниот капитал и десницата (АБЦ) и тие кои наводно се некаде на средина меѓу левицата и десницата (Мундо), потенцираат дека во комисијата за докторатот на поранешната венецуелска амбасадорка бил и професорот Хуан Карлос Монедеро, кој пред година дена даде оставка на раководно место во Подемос. Таа докторирала на 21 декември 2011 година, а партијата Подемос е основана по три години подоцна од протестите поради растечката нееднаквост и корупцијата во владејачката и опозициската партија.

Никој притоа не ја оспорува содржината на докторатот на Марија Гутијерес ниту постојат тврдења дека нејзината теза е плагијат, туку е спорно тоа што во комисијата бил професор поврзан со идната партија Подемос и што таа по две години станала претседателка на венецуелскиот врховен суд.

Професорот Монедеро инаку уште минатата година излегол од најтесното раководство на Подемос токму затоа што во 2010 година пружал стручна помош на левичарските влади во Венецуела, Боливија, Еквадор и Никарагва и што од тие земји му биле плаќани големи хонорари за кои тој, според толкувањето на официјален Мадрид платил соодветен даночен надомест.

Врската со Каракас и намерата од Шпанија да направар европска боливијска Венецуела се припишува на Подемос месец дена пред повторните избори и тоа во момент кога оваа партија склучи коалиција со група помали левичарски партии Искијерда унида (Обединета левица). Згодно е и новото име на оваа коалиција, кое во превод гласи „Обединети можеме‟. Истражувањата покажаа дека навистина би можеле според бројот на гласовите да ги надминат традиционалните социјалисти и да го заземат второто место на јунските избори. Граѓаните се изморени од традиционалните партии, па голем број гласови од социјалистите се прелеваат на „Заедно можеме‟. Девет од десет Шпанци, според последните анкети (94 отсто), сметаат дека политичката состојба е многу „лоша‟ пишува весникот „Паис‟. Гласачите се свесни дека никој со никого не може да го добие потребното мнозинство без оглед на тоа што е основана нова коалиција со име која тоа го демантира „Обединети можеме‟.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата