Голден Стејт остана со шанси за пласман во финалето на НБА плеј офот

Од:

Екипата на Голден Стејт ноќеска се избори за победа во финалето на „Запад“ над Оклахома Сити со 120:111 (25:21; 33:29; 23:27; 39:34) и со тоа го намали резултатот на 3-2 во победи за противникот што значи дека остана со шанси за пласман во финалето на НБА плеј офот. За да успее да ја брани шампионската титула тимот на Голден Стејт ќе мора да победи и на следните два натпревара.

Голден Стејт го искористи домашниот терен за да стигне до триумф на натпреварот број 5, а гостите поведоа само еднаш во третата четвртина. Тандемот Стеф Кари и Клеј Томсон постигнаа по 31 односно 27 поени, но одлични во скокот беа Ендрју Богут и Дрејмонд Грин со 14 односно 13 скокови. Кај Оклахома Сити Кевин Дјурант постигна 40, а Расел Вестбрук 31 поен.

Натпреварот број 6 се игра во сабота на теренот на Оклахома Сити, додека вечерва играат Торонто и Кливленд, а водство од 3-2 во победи има Кливленд.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on