СДСМ: За аболицираниот Груевски најголема болка е правдата

Од:

„Независните институции коишто вистински се борат против криминалот и корупцијата многу го иритираат уплашениот Никола Груевски.

Груевски јавно потврдува дека најголема негова болка е правдата којашто го открива неговото криминално владеење и најавува одговорност за него и неговото криминално друштво.

Груевски повторно, по којзнае кој пат лаже.

Уште од септември минатата година четирите партии се договорија да ја поканат мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да ги мониторира предметите коишто ги води СЈО.

До ден денешен Владата на ВМРО-ДПМНЕ одбива да испрати покана до ОБСЕ/ОДИХР.

Да веруваше ВМРО-ДПМНЕ дека независната институција СЈО работи непрофесионално, непристрасно или без докази први ќе ја повикуваа ОБСЕ/ОДИХР. Се е јасно.

Да беше навистина невин како што лажно сака да се претстави Груевски немаше да нарачува аболиција кај Ѓорге Иванов, спротивна на закон и Устав.

Граѓаните знаат дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Едно е јасно, правдата ќе се врати, нема спас за аболицираниот Груевски ниту за неговото криминално друштво.

Аболицијата целосно ќе се поништи и одговорност ќе има. Тоа најмногу го плаши Никола Груевски“, велат од центарот за комуникации на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он