Викендов во Скопје второ прскање против комарци

Од:

Град Скопје ги известува граѓаните дека претстојниот викенд ќе се врши второ прскање годинава против возрасни форми на комарци на подрачјето на град Скопје.

Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 28.05.2016 (сабота) и на 29.05.2016 (недела), во период од 5:30 до 10:00 часот.

Аеросолната дезинсекција (терестрична), ќе се одвива во деновите од 29.05.2016 до 02.06.2016 (од недела до четврток), во период од 23:00 до 4:00 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Во соопштението на Град Скопје се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош