Екипата на Кливленд поведе со 3-2 во победи во Источното финале и се наоѓа на еден триумф од пласманот во големото финале, во НБА лигата. „Кавалирс“ ноќеска со убедливи 116:78 славеа против Торотно Репторс во петтиот дуел од конференциското финале.
Победникот се наѕираше уште по првата четвртина која Кливленд ја доби со 37:19, во втората додаде уште 13 плус (28:15), по што второто полувреме домаќините го одработија рутински.
Најефикасни во победничкиот тим беа Кевин Лав со 25, Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг со по 23 постигнати поени.
Следниот натпревар овие две екипи ќе го одиграат ноќта петок кон сабота во Торонто.
Вечерва на програмата е петтиот меч од финалето на Запад во кое Оклахома води против шампионот Голден Стејт со 3-1 во серијата прв до четири победи.