СДСМ: Катастрофалната состојба со патиштата е последица на криминалното владеење на Груевски

Од:

„Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ со години мислеше само на провизиите и коруптивните зделки.
 
Затоа сега е во паника, следува одговорноста за целокупниот криминал.
 
Неуспешно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да претстави дека се реализирани некакви инвестиции во патната инфраструктура.
 
Вистината е сосема спротивна. Во првиот квартал од оваа година има огромно потфрлање во реализацијата на капиталните инвестиции. Реализирани се само 16 проценти.
 
Во ставката други градежни работи реализирани се само 13 проценти што е незначително.
 
Затоа пак, во ставката купување на автомобили, реализирани се цели 25 проценти од предвидената сума, што е недозволиво.
 
Со ова само се потврдува тезата на кумот Ставрески дека додека граѓаните немаат за леб, се троши за  чоколади.
 
Катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат патиштата во Македонија е последица на криминалното владеење токму на Никола Груевски и фамилијата.
 
Затоа заврши времето на Никола Груевски, следува одговорност за криминалното владеење. Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво.
 
По демократските промени, на следните фер, слободни и кредибилни избори, новата власт предводена од СДСМ, целосно ќе ги укине непродуктивните трошења, а средствата ќе се насочи кон економски развој и обвнова на инфраструктура.
 
Обновата на патната инфраструктура, изградбата на нови, современи, европски авто патишта во Македонија доаѓаат по демократските промени“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини