Дваесет и две воспитувачки и негователки од градинките во општина Центар, денеска беа наградени како најдобри, најпосветени и најодговорни во својата работа.
„Вашата работа е исклучитечно битна. Вие од корен го создавате нашето образование.Основата на нашиот карактер и однесување се стекнува во градинките. Општеството доволно не ја вреднува оваа одговорна работа. Општина Центар особено внимание посветува на градинките и образованието. Изградивме нова, современа градинка со сопствени стредства во Капиштец, извршивме реконструкција на градинките каде што тоа беше неопходно, а сега на ред е целосна обнова на градинката „Пепелашка“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Една од вработените готвачки му напишала на градоначалникот дека за развојот и растот на децата е значајна и нивната работа. Жерновски соопшти дека од идната година општина Центар ќе го вреднува и наградува трудот и на целиот персонал во градинките.
Овој проект, општина Центар, го спроведува трета година по ред. За вработените ова е позитивна и благородна идеја со која се цени нивната работа.