АИ: ЕУ со извозот на оружје во Египет поттикнува убиства

Од:

Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести интернешнл денека ги обвини речиси половината членки на Европската унија дека со извозот на оружје во Египет ги поттикнуваат убиствата и измачувањата во таа земја. 

Во својот најнов извештај АИ нагласува дека 12 во 28 земји-членки на Унијата и натаму се едни од главните снабдувачи на Египет со оружје и друга полициска опрема.

Меѓународната организација го обвини сегашниот претседател на Египет Абдел Фатах Сиси за ултраавторитарно и репресивно владеење уште од 2013 година, кога тој од власт го собори демократски избраниот исламистичкиот претседател Мохамед Морси. 

АИ нагласува дека речиси половина од членките на ЕУ ја кршат забраната за извоз на оружје за Египет, која Унијата ја воведе, откако во протестите во август 2013 година беа убиени повеќе стотици египетски демонстранти, што официјален Брисел со нарече „пример за прекумерна употреба на сила“.

Организацијата, со седиште во Лондон, нагласи и дека стравува оти забраната за извоз на оружје во Египет би можела да биде укината, иако во пракса не ни била ефикасна во спречување на тој извоз.

– Само во текот на 2014 година членките на ЕУ одобриле 290 дозволи за извоз на воена опрема за Египет со вкупна вредност поголема од шест милијарди евра, нагласува АИ. 

Членките на ЕУ во Египет, меѓу останатото извезувале лесно оружје и муниција, оклопни возила, воени хеликоптери, оружје и технологија за надзор.

– ЕУ би требала веднаш да воведе ембарго на извоз на сите видови оружје и опрема, кои Египет ги користи за тешко кршење на човековите права, изјави директорот на АИ за контрола на вооружувањето и човековите права, Брајан Вуд.

АИ предупреди и дека ситуацијата во Египет по прашањето за човековите права е значително влошена.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина