СДСМ: Медиумските курири се вистински платеници, затоа молчат за богатењето на Никола Груевски

Од:

„Meдиумските курири продолжуваат со ширење на лаги и невистини со пари на граѓаните за да ги сокријат криминалите на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

Медиумските курири молчат за богатењето на Никола Груевски, официјално, за една година, од 118 илјади евра.

Како тоа додека граѓаните осиромашуваат, a Груевски со плата од 1.400 евра тргал на страна по 10.000 евра месечно?

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски и се најголеми промотори на лагите и манипулациите на врвот на ВМРО ДПМНЕ.
Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, рекоа од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он