Бичиклиски: СДСМ и Ташали Јуца за крушевчани се синоним за транзиција и назадување

Од:

„СДСМ нема квалитетни кадри за градоначалници, затоа тие кандидираа луѓе со искуство од транзицијата, без кредибилитет меѓу граѓаните.

– Тие безмалку ги понудија истите луѓе поради кои редовно СДСМ е поразуван на изборите. Па така за кандидат за градоначалник за Општина Крушево СДСМ го понуди Ташали Јуца, човек кој веќе еднаш ги загуби изборите за градоначалник во 2009-та година и за кој Крушевани веќе се одлучија дека не е добар избор,  односно не е кадар кој може да управува со Крушево.

– Вистинската причина зошто Ташали Јуца нема кредибилитет е неговото лично учество во приватизацијата на Црвенковски, процес  кој во суштина му донесе убедливо највеќе штета на Крушево.

– Па така Ташали Јуца како директор на ТП Универзал Крушево директно учествувал во приватизацијата и стечајот на оваа фирма, при што без работа останаа околу 70 вработени. Тоа се 70 семјества кои останаа без егистенција поради менаџирањето на Јуца. Згора на тоа Ташали Јуца после оваа приватизација станува сопственик на две продавници и голем магацински простор.

– Ташали Јуца во периодот 2005-2009 година кога со Крушево управуваше СДСМ беше и директор на ЈП Комуна Крушево. За време на неговото раководење со ова претпријатие не беше реализиран  ниту еден проект, а долговите на претпријатие пораснаа.

– Човекот кој упропасти фирма со 70 вработени и неуспешно менаџираше со јавно претпријатие, СДСМ сега го предлага да раковди со цела општина.

– Факт е дека Ташали Јуца е успешен само за својот бизнис, а не и за граѓаните на Крушево. Човек кој е постојано на раководни позиции, а ништо добро не и донесе на општината. СДСМ и Ташали Јуца  во меморијата на крушевчани се синоним за транзиција и назадување. На Крушево му треба развој, а не стагнација“, изјави  Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст