Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изјави дека Европската унија би требало да може да прими два милиони бегалци и покрај тензиите меѓу земјите-членки.
– Би требало да е возможно за континент од 508 милиони луѓе адекватно да интегрира два милиона бегалци, истакна Јункер во обраќањето пред лидерите на ЕП во Луксембург.
Тој додаде дека не се чувствува удобно кога зборува со лидерите на Јордан и Либан, кои се посиромашни држави од ЕУ, но примиле повеќе бегалци од Унијата.
Миграцијата станува се почувствителна тема во ЕУ, кои ги разидинува земјите-членки и ја засилува поддршката за ултрадесничарските и антиимиграциските политики.