Неколку десетци унгарски сточари денеска се собраа на протест во центарот на Будимешта, каде доведоа и 50-тина крави.
Протетстот на сточариите започна на мостот „Маргерт“ во близина на унгарскиот Парламент, од каде демонстрантите се упатија кон канцеларијата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, каде предадоа петиција со своите барања.
Сточарите бараат од Владата намалување на даноикот на додадена вредност на пет проценти за сите млечни производи, а не само за свежото млеко.
Според лидерот на здружението на сточарите, Имре Хегедус, намалувањето на ДДВ-то ќе придонесе за спречување на измамите со плаќањето данокот и ќе се зајакне позицијата на унгарските земјоделци на домашниот пазар.
Слични протести унгарските сточари одржаа и на почетокот на овој месец.