Трактор излетал од пат во гостиварско, тројца повредени

Од:

Три лица се повредени откако трактор „Урсус“ со приколка натоварена со дрва, без регистерски таблици, што го управувал Т.У. (40) од Беловиште гостиварско, излетал од патот и удрил во дрво.

Несреќата се случила вчера попладне околу 17 часот и 30 минути, на локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Беловиште и Куново, на излезот од Беловиште.

Во кабината на тракторот, биле лицата М.У. (73) од Беловиште и Д.Д. (18) од Албанија, кои од излетувањето се здобиле со повреди. Со друго возило веднаш биле пренесени во гостиварската болница.

По укажаната лекарска помош, М.У. е пуштен дома, додека Д.Д.  е префрлен на скопските клиники. Причина за незгодата, според полицијата, е неприлагодена брзина, а вкупната материјална штета се проценува на околу 100 илјади денари.

СВР Тетово, информира дека за дрвата кои биле натоварени и се превезувале со тракторот, возачот не поседувал никаква документација.

Би можело да ве интересира

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Сопатник на мотор по улица влечеше 12-годишно дете

Горан Наумовски

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ