Во Детроит претставени можностите за инвестирање во Македонија

Од:

Инвестициските поволности во Република Македонија беа претставени на конференцијата  за автомобилска индустрија во  Детроит  „ОЕSA 2012 Outlook Conference”, што се одржа во организација на  Здружението на производители на компоненти од САД.

На конференцијата присуствуваа над 700 гости, меѓу кои и бројни производители на автомобилски компоненти  и возила од САД и од целиот свет. Презентации извршија претставници на Ford Motor Company, Toyota Motor Engineering & Manufacturing, Volkswagen of America, Magna International Inc., а експерти ги презентираа перспективите на автомобилската индустрија на глобално и на регионално ниво во 2013 година.

Преку директни контакти, поединечни средби и презентации, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо придружуван од економскиот промотор во Детроит, Дејан Величков, ги претставија  поволностите за инвестирање во Македонија.

– Дел од големите компании од автомобилската индустрија најавија посета на нашата држава. Освен Македонија, свој штанд имаше и Канада, а свои претставници имаа и Турција, Германија, Италија и бројни држави од САД. Со остварените контакти на овој настан се зголемуваат можностите за влез на странски инвестиции во земјава, соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ