Индија успешно го лансираше прототипот на својот прв вселенски брод

Од:

Индија успешно го лансираше прототипот на својот прв вселенски брод за повеќенаменска употреба, соопшти денеска Индиската организација за вселенски истражувања, која го разработувала спејс шатлот веќе 15 години, јави ТАСС.

Прототипот на бродот РЛВ-ТД беше лансиран од космодромот на островот Шрихарикота во сојузната држава Андра Прадеш во седум часот по локално време. Дваесет минути по лансирањето тестирањето беше прогласено за успешно.

Леталото достигна височина од 70 километри, а следуваше тестирање на негово приземјување на виртуелна писта во Бенгалскиот Залив на 500 километри од брегот.

– Прототипот сепак се урна при удар во водата, изјави директорот на државниот вселенски центар „Викрам Сарабхаи“, К. Сиван.

– Податоците од експериментот ќе се користат за подобрување на конструкцијата на вселенскиот брод и изработка на иделна писта за полетување и слетување, додаде тој.

Првиот брод мораше да биде жртвуван со оглед на програмата за негово унапредување. Трошоците не се мали. Изработката на леталото со должина од 6,5 метри, тежина од 1,75 тони и вредност од 14,5 милиони долари траеше пет годни, изјави директорот на Центарот.

РЛВ-ТД претставува шест пати намалена копија на вселениот брод за повеќенаменска употреба „Аватар“, чија изработка Индија планира да ја заврши до 2030 година.

„Аватар“ ќе биде многу помал од американски вселенски бродови, тој ќе биде со големина отприлика колку ловците МиГ-25. Леталото ќе може да лансира во ниската орбита околу Земјата товар до илјада килограми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски