ВМРО-ДПМНЕ: Не сме сите исти

Од:

„Денешната прес конференција на СДСМ е уште еден доказ за се што говоревме изминатиов период, односно дека очајот во партијата е зголемен до таа мера што единствениот излез го гледаат во уште пожестоко деструктивно однесување преку ширење на лаги и манипулации.

Сосема јасно и сосема очекувано е СДСМ во недостиг на проекти кои би ги промовирале во полза на граѓаните, да се свртат кон лично валкање и девалвирање на политичките противници, во обид да креираат слика дека наводно „сите се исти“.

Не сме сите исти.

Настапот на СДСМ е уште една голема лага, со која партијата се обидува да ги доведе во заблуда граѓаните.

Со сета морална и материјална одговорност тврдам дека единствениот приход кој го имам изминативе години е приходот од платата која што ја добивам. Единствениот начин на кој што заработувам е преку платата која што ја добивав. Не постојат никакви екстра приходи, сомнителни трансакции или приливи какви што сака да измисли СДСМ.

Целосна лага е тоа дека анкетните листови од 2014 и 2015 година биле сокриени. Тие беа доставени до Државната комисија за спречување на корупција и достапни на јавноста. Свесен сум дека актуелниот закон не го наложува тоа, но повторно би апелирал до ДКСК да ги стави на увид моите анкетни листови.

На граѓаните им требаат проекти и просперитет. Не им се потребни вакви валкани и невистинити сплеткарења. На граѓаните им е преку глава од кризи. Тие не го заслужуваат ова што го прави СДСМ и одговорот ќе го испорачаат кога СДСМ ќе собере храброст да излезе на избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски повика на протест: Прифаќањето на предлогот значи бугаризирани да влеземе во ЕУ

Кристијан Ландов

Милошоски: За тоа што и го направија на Македонија, Заев и Шекеринска ќе го добијат одговорот на 11-ти декември

Емир Латифовиќ

Телеграма со сочувство од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод смртта на Чашуле

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Димески: На Македонија ѝ треба твојата идеја!

Емир Латифовиќ

Град Скопје: Oбјектот на плоштадот ВМРО е во наша надлежност

Емир Латифовиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерен е ставот на СДСМ за кумановската акција

Емир Латифовиќ