Кошаркарите на Торонто ноќеска на свој терен, во третиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА лигата го совладаа Кливленд со 99:84 и намалија на 2-1 во серијата прв до четири победи.
Воедно, тие на Кливленд му го нанесоа првиот пораз во плеј офот оваа сезона.
Демар Дерозан беше најдобриот играч во победничкиот состав 32 поена, пет скокови и четири асистенции.
Во редовите на Кливленд Леброн Џејмс постигна 24 поени.
Следниот натпревар се игра ноќта меѓу понеделник и вторник.
Вечерва се игра третиот меч д финалето на Западната конференција мешу Оклахома Сити и Голден Стејт. Моменталниот резултат е 1-1 во победи.