СДСМ: Mедиумските курири не можат да ги исперат криминалите на Никола Груевски

Од:

„Медиумските курири, платени со пари на граѓаните, не престануваат со ширењето лаги и невистини. Преку извртување на вистината сакаат да ги сокријат криминалите на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

Плашејќи се од вистината и враќањето на правдата, тие бескомпромисно го бранат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести преку кои граѓаните бараат промени и враќање на правдата, слободата и демократијата.

Едно е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Секој што го прекшил законот ќе одговара
Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата
Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Опозицијата тврди: Наместо економски напредок, Македонија се соочува со стагнација

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски