Десетта матурска парада на плоштадот „Македонија“

Од:

На плоштадот „Македонија“ денеска се одржa 10. „Матурска парада“ на која традиционално учениците кои го завршуваат средното образование танцуваат кадрил.

Матурската парада ја отвори скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој на матурантите им посака успех и среќа.

– Матуранти, по завршувањето на средното образование пред вас стојат многу можности, кои ви посакувам да ги искористите. Новите предизвици и искушенија да ги совладате со вашиот младешки елан, енергија и ентузијазам, рече Трајановски.

Лукаш Холуб, заменик-амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Македонија на младите им ја честиташе матурата и им посака успех во иднина.

 „Матурска парада 2016“

Матурантите дадоа изјава за ненасилство, по што следуваше директно вклучување на Радио Словенија од каде се презема музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“, на која матурантите точно во 12 часот во сите градови учесници на манифестацијата го танцуваат кадрилот.

Организаторот на „Матурската парада“ е Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската унија во Скопје и од Град Скопје, кој е покровител на настанот. Годинава покрај младите од Словенија и од 18 градови од Србија, танцуваа и македонските матуранти од Скопје, Охрид, Струга, Струмица, Вaландово и Гевгелија.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје. матурска парада 2016

Во изминатите девет години на парадата во Скопје учествувале вкупно 6.552 матуранти и 8.146  во другите градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето