Средба на претседателката на ДОМ Поповска со Хајндл

Од:

Претседателката на Демократската обнова за Македонија (ДОМ) Лилјана Поповска денеска имаше средба со специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл, на која се разговараше за можните решенија на политичката криза во земјава.

Поповска, како што соопшти ДОМ, истакнала дека треба да се возобнови спроведувањето на договорот од Пржино, кој дава прецизна рамка за паралелно решавање на правните и политичките проблеми. Тоа, според неа, значи поништување на аболицијата, формирање техничка влада во поширок формат, контролирано прочистување на Избирачкиот список под надзор од македонска и надворешна експертска група, евентуално избор на нова ДИК од експерти, овозможување на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да си ја врши работата преку повеќе мерки и закони.

Како што се наведува во соопштението, Поповска истакнала дека би било интересно за јавноста да се види составот на оние 135 илјади „нови граѓани“ на Македонија и нивниот територијален распоред и етничка припадност, по што можеби би станал појасен новиот договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски