(ВИДЕО) Шилегов: Пешевски треба да одговара за нов корупциски скандал

Од:

„Криминално-корупциските скандали се секојдневие за владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Се отвори нов корупциски скандал по признанието на Владимир „дил-ориентед“ Пешевски дека се уште е директор на компанија од Кипар.

Пешевски го криел овој факт“, рече на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Не ја пријавил компанијата во Анкетниот лист а директорската позиција ја криел и во неговата биографија. Спротивно на Законот за спречување на судир на интереси и законските регулативи.

Сега Владимир Пешевски е фатен жив и наместо неуспешно да се правда треба да одговори:

Зошто парите од хонорари за консултански услуги оделе преку офф шор компанија на Кипар?

Колкави приходи пријавил и колку данок платил за тие приходи во Македонија?

Што криел Пешевски години наназад од јавноста?

Пешевски пееше патриотиски песни, едно име имаме, на митинг на ВМРО-ДПМНЕ ама не му било проблем на Кипар да биде запишан со референцата ФИРОМ. Ете колку е провиден лажниот патриотизам на корумпираниот врв од ВМРО-ДПМНЕ.

Кај членови на Совет беа констатирани судири на интереси поради извршување на две функции истовремено, за пратеници беа поведени неосновани постапки ама за Владимир „дилориендет“ Пешевски Антикорупциската комисија молчи.

Државната комисија за спречување на корупција е должна да ја објави изјавата на Пешевски за судир на интереси и да отвори предмет.

Во спротивно членовите на Државната комисија за спречување на корупција се сторители на кривично дело и ќе одговараат пред правдата.

Овој нов корупциски скандал е уште една потврда дека на Македонија и е потребно враќање на правото и правната држава.

Аболицијата мора да биде поништена целосно. Секој што го прекршил законот мора да одговара и ќе одговара“, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он