Забранет протест на опозицијата во Подгорица

Од:

рногорската полиција поради безбедносни причини не дозволи утре да се одржи протест на опозицскиот Демократски фронт (ДФ) пред Парламентот во Подгорица.

ДФ бараше од полицијата дозвола за мирен собир од 17 до 23 часот, но полицијата го забрани протестот.

– Собирот не може да се одржи на местото и во времето во кое е закажан, бидејќи не се исполнети законски услови, се наведува во полициската одлука.

Полицијата проценува дека постои безбедносен ризик и оти може да се случат инциденти на собирот, што е најавен кога и прославата по повод една деценија од независноста на Црна Гора.

ДФ посочи дека Владата првпат забранува собир на политичка партија и оти се работи за политички прогон.

ДФ нов протест закажа на 26 мај, кога ќе биде одржана првата седница на преодната Влада.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба