Меѓународните напори за пронаоѓање на остатоците на авионот на компанијата „Иџипт Ер“, кој вчера се урна во источниот дел на Средоземното Море, продолжуваат и денеска, јави ДПА.
Во реонот во кој се претпоставува дека се урна „Ербасот А320“ на летот од Париз до Каиро, на околу 280 километри од бреговите на Египет, се наоѓаат египетски, француски и грчки бродови и летала, кои трагаат по остатоците на авионот.
Во Каиро синоќа допатуваат тројца претставници на Службата за истражување и анализи на безбедноста при француската Агенција за цивилно воздухопловство, како и технички експерти на авиопоризводителот „Ербас“.
ТАСС јави дека во Каиро пристигнале и роднини на 15-те француски државјани, кои се наоѓаа меѓу 66 патници и членови на екипажот во египетскиот авион.
Доцна синоѓа авикомпанијата „Иџипт Ер“ ги демантираше информациите што претходно самата ги објави дека биле пронајдени остатоци на ураниот авион.
– Признавме дека згрешувме кога објавивме дека се пронајдени остатоци. Она што го идентификувавме како остатоци не е дел од нашиот авион, изјави потпретседателот на „Иџипт Ер“, Ахмед Адел за телевизијата Си-Ен-Ен, додавајќи дека потрагата по „Ербасот“ продолжува.
Претходно вчера Адел објави дека спасувачките екипи пронашле делови од авионот во водите на Средоземното Море.
Американски експрти од своја страна соопштија дека сателитските снимки не укажуваат дека имало експлозија во авионот на „Иџипт Ер“, со што ја отфрилја претпоставката дека во леталото експлодирала бомба.
Анинимен експерт на американските разузнавачки служби сепак нагалси дека тоа е првичен заклучок и дека се уште не е исклучена ниту една можност за причините за падот на авионот – дефект, тероризам или човечка грешка.