Козаров: Битола уште чека полигон за полагање на возачки испит

Од:

Тој рече дека ако овај проблем не се реши до 30 ноември 2017 година, моѓно е да се одземе лиценцата.

Битола се уште нема полигон за полагање на возачки испит во Битола! Уште пред три години од нашиот прес, одржан на истата оваа локација, го повикавме, сега аболицираниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Талески, да се изнајде решение за овој проблем на битолчани, рече советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Горан Козаров.

– Три години потоа, фактите се следни: Полигон за полагање на возачки испит нема! Проект и решение нема! Локација за полигон нема! Желба за решавање на проблемот, нема! Во овие три години, битолската јавност се изнаслуша еден куп лаги и невистини искажани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и аболицираниот Талески, со кои не убедуваа нас како граѓани дека само што не се решил проблемот со новиот полигон, дека општина Битола има сопствена локација и ќе почни изградба и ред други лаги – рече Козаров.

Тој рече дека ако овај проблем не се реши до 30 ноември 2017 година, Општина Битола и целиот регион што е под надлежност на МВР Битола, се соочува со опасност од одземање на лиценцата за полигон за полагање на возачки испит .

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он