Кошаркарите на Голден Стејт ја искористија предноста на домашниот терен и на вториот натпревар од финалето на Западната конференција од НБА плеј-офот постигнаа победа над Оклахома Сити со 118:91 (27:20; 30:29; 31:19 и 30:23).
Играчите на шампионот не дозволија изненадување како на првиот дуел и предноста од првиот дуел од осум поени ја зголемија на 20 на крајот од третиот период. Со овој триумф Голден Стејт изедначи на 1:1 во добиени натпревари.
Стеф Кари кај Голден Стејт постигна 28 поени, а шест други играчи имаа двоцифрен број поени.Најефикасен на дуелот беше Кевин Дјурант со 29 поени.
Следниот натпревар од финалната серија од „Запад“ се игра во недела на теренот на Оклахома Сити.
Вечерва се игра натпреварот број 2 од финалето на „Исток“ меѓу Кливленд и Торонто (1:0 во победи за Кливленд).