Почнува процесот за избор на нов премиер на Турција

Од:

Централниот управен совет на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) денеска ќе одржи седница на која ќе го избере кандидатот за нов партиски лидер, кој по автоматизам ќе биде именуван и за нов премиер на Турција., јавија турските медиуми.

Новиот лидер на АКП официјално ќе биде избран на партискоот Конгрес закажан за в недела.

Според медиумите, најсериозен кандидат за наследник на Ахмет Давутоглу на позициите лидер на АКП и премиер на Турција, е актуелниот министер за транспорт Бинали Јилдирим, кој важи за близок човек на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

По неделниот Конгрес на АКП, се очекува веќе в понеделник Ердоган на новиот партиски лидер да му го довери мандатот за формирање нова Влада, во која според некои турски медиуми, моќниот ресор за економија би можел да го преземе актуелниот министер за енергетика и зет на шефот на државата, Берат Албајрак.

Давутоглу поднесе оставка на функциите премиер и партиским лидер на почетокот на овој месец, поради несогласувања со претседателот Ердоган.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ