Германија со осуда за исмевање на Холокаустот во Иран

Од:

Германската влада денеска го осуди напреварот за најдобра карикатура која ќе го исмее Холокаустот кој се одржува во Иран. Според портпаролот на министерството за надворешни работи Мартин Шефер исмевањето на холокаустот покажува колкави се омразата и поделбите на Блискиот Исток, јави дописникот на МИА од Берлин.

Настанот на кој карикатуристите го исмевале Холокаустот е организиран од страна на невладини организации поддржани од ирански националисти. Предходниот натпревар во 2006 година беше поддржан од тогашниот претседател Махмуд Ахмадинеџат кој што тврдеше дека холокаустот е мит кој никогаш не се случил вистински.

„Убиството на шест милиони деца, жени и мажи за време на Холокаустот за што Германија носи вина и одговорност не смее да биде сведено на исмевање“ , изјави Шефер денеска во Берлин.
Според германската дипломатија жално е што овој настан воопшто се случил иако и од страна на министерот Франк Валтер Штајнмаер за време на посетата на Техеран во Февруари било побарано да запре ваквата практика на исмевање на холокаустот. Предходно натпреварот за карикатури со тема Холокауст беше осуден и од Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски