Амбасада на САД: Итно да се поништат помилувањата на Иванов

Од:

Соединетите американски држави бараат итно поништувањето на помилувањата од 12 април.

„Одлуката на Уставниот суд отвара пат за свикување на Собранието за да се откажат изборите на 5 јуни. Ова пак, претставува обновена можност за Собранието и за политичките лидери, да покажат на дело дека се силно посветени на Пржинскиот договор и неговите начела – владеење на правото, одговорност, инклузивност и кредибилни избори. Оваа рамка и понатаму претставува најдобар начин за земјата да излезе од сегашната криза.

Поништувањето на помилувањата од 12 април треба да се направи итно и на начин на кој ќе се зачува начелото на одговорност, ќе се избегне селективна примена на правдата и ќе се неутрализира сериозната загриженост во врска со неказнивоста. Основно демократско начело е дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот. Политичките партии треба недвосмислено да го поддржат Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Непреченото работење на СЈО е клучно за да се утврди одговорноста за можни злоупотреби поврзани со прислушувањата и за надминување на сегашната криза.

Претстојат тешки реформи. Процесот на реформи мора да биде инклузивен и да ги вклучи перспективите на опозициските партии и граѓанското општество. Ваквата инклузивност е клучна за воведување и воспоставување на системот на проверки и рамнотежа, систем што е одлучувачки во демократијата. Соединетите Држави нема да поддржат пристапи што не ги почитуваат овие принципи.

Ветувања за реформи или искази за намера нема да ја вратат земјата на евро-атлантскиот пат. Делата ќе го сторат тоа.“, стои во соопштението што го издаде американската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Иран се заканува со напади на американски и израелски универзитети во регионот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Илјадници жртви досега во војната на Блискиот Исток

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник