Косово бара укинување на српските институции

Од:

Косовската страна на следниот состанок во Брисел ќе побара Белград да ги укине „паралелните структури“ во северниот дел на Косово, пишува приштинскиот весник „Експрес“.

Косовскиот премиер Хашим Тачи ќе побара укинување на институциите од српскиот колега Ивица Дачиќ на следната средба во Брисел, која се очекува на почетокот на следниот месец.

Покрај тоа, Тачи планира да побара и спроведување во пракса на договорот за интегрирано управување со граничните премини.

Од друга страна, косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи изјави дека косовските официјални претставници немаат идеја како Брисел на преговарачка маса ќе го стави прашањето за северниот дел на Косово, каде Србите се мнозинство.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина