ЛДП: Дискриминацијата кон еден од нас е дискриминација кон сите

Од:

„На меѓународниот ден против хомофобијата, ЛДП потсетува на огромниот степен на дискриминација што постои во нашето општество.

Станува збор за отсуство на толеранција, но и одбивање на државата да ги вклучи основните човекови права, загарантирани со Устав и декларацијата за човекови права во правниот систем.

Во авторитарно општество какво што е нашето, загрозени се човековите права на секој поединечен граѓанин по сите основи, но тоа не ја намалува нашата одговорност за борба за секој наш сограѓанин, без разлика на националната, половата или било каква друга ориентација.

ЛДП порачува дека новото општество, кое ќе го изградат сите прогресивни граѓани, ќе биде општество на толеранција, почитување на сите права и потреби, отворено за дебата и функционално за секоја група на граѓани.

Различноста е наша предност, токму затоа на денешниот ден декларативно се солидаризираме со нашите сограѓани од ЛГБТ заедницата, за да можеме утре практично да се избориме за секое поединечно право“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство