Оклахома Сити го изненади шампионот

Од:

Кошаркарите на Оклахома Сити поведоа со 1:0 во финалето на Западната конференција од плеј-офот во НБА лигата. Тие ноќеска на гостински терен го победија првакот Голден Стејт со 108:102.

Оклахома одлично го одигра вториот дел од натпреварот кога двоцифрената предност на противникот од полувремето ја претвори во победа. Резултатот по четвртини беше: 27:21; 33:26; 28:38 и 14:23.

На полувремето Голден Стејт водеше со 60:47, а набрзо во два наврати имаше и +14 поени предност, но тоа не беше доволно за победа особено што Расел Вестбрук 19 од своите 27 поени ги постигна во третиот период. Во тимот на Оклахома дури четири играчи имаа „дабл-дабл“ учинок.

Во редовите на првакот Стеф Кари и Клеј Томсон постигнаа по 26 односно 25 поени, но имаа слаба помош од клупата на овој натпревар со вкупно постигнатите 16 поени на „резервистите“.

Оклахома Сити на последните шест натпревари во плеј офот има пет победи, од кои две на гостински терен против најдобрите екипи од регуларниот дел од сезоната Голден Стејт и Сан Антонио.

Слендиот натпревар се игра утревечер исто така на теренот на Голден Стејт.

Вечерва почнува финалето на „Исток“ меѓу Кливленд и Торонто.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on