Отворено образование за отворено општество

Од:

Концептот на Отворени образовни ресурси (ООР), односно бесплатната употреба на книгите во електронска верзија, наставните програми, материјали за курсеви, учебници, онлајн-видеа, истражувања речници како и секаков друг материјал кој е дизнајниран за употреба во настава и при учење, авторските права и искуствата во светот и регионот беше темата на конференцијата „Отворено образование за отворено општество“, во организација на Фондот Отворено Општество Македонија.

Отворените образовни ресурси можат да се прегледуваат и печатат исто како и конвенционалните учебници. Единствена разлика е во цената. Комерцијалните учебници неретко чинат и илјадници денари, додека Отворените образовни ресурси ќе чинат само колку што чини потрошената хартија и мастилото за печатачот, беше кажано на конференцијата.

Во Македонија иако се присутни одредени активности кои ги допираат концептите на ООР, како што се бесплатните учебници, сепак се забележува одредена некоординираност на дражавата, невладиниот сектор и меѓународните организации и фондации. Потребно е развивање на технологизација, воведување софтвер и создавање содржини кои ќе се користат за едукација во согласнот со ООР.

Според д-р Алек Тарковски, член на Советот за информации при Министерството за администрација и дигитализација на Полска, кој говореше на денешната конференција Полска добива многу финансиски фондови со кои се финансираат проекти за пишаните учебници. Но, според него, воведувањето на електронските учебници со цел да се олесни работата на студентите и учениците, засега наидува на мал интерес кај засегнатите страни .

Гостите од регионот говореа и за отворените образовни ресурси и отворениот пристап кои се базираат на принципот на отвореност и слободна употреба на материјали кои се важни за истражувачката дејност. Отворениот пристап подразбира трајна, бесплатна достапност на литературата на јавниот интернет, дозвола корисниците да читаат, копираат, дистрибуираат, печатат, пребаруваат или да постават линк со овие текстови.
Содржините со отворени пристап се чуваат во дигитални складишта кои претставуваат еден вид онлајн архиви.

„Во Србија за правање вакви складишта има неколку, но нема голема активност во моментов. Има за списанија, но за вакви складишта немаме искуство големо. Европа се следи од САД, и сите резултати од истражувањето се написи од списанија, сето истражување што е јавно мора да биде отворено“, рече м-р Билјана Косановиќ, од Народната библиотека на Србија-Национално складиште со отворен пристап од проектот финасиран од ЕУ.

Идеалниот тип на отворен пристап во светот е кога веднаш може да се прочита материјалот, но да биде задржано авторството, рече Д-р Мојца Котар, помошник генерален секретар на Универзитетот во Љубљана. Според неа, проектот за отворени публикации сеуште се одвива во Словенија како и пректот за портал кој ќе ги обединува научните трудови. Целта е сите словенечки текстови да бидат проверувани и заштитени од плагијаторство, односно да се соберат сите десертациски тези.

Според м-р Димитар Поповски, информативен менеџер за дигитализација на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ во Македонија има 12 магазини за отоврен пристап, има само 4 такви кои се отворени годинава и тоа е показател дека издаваштвото во земјава функционира. Најважното нешто е отворената платформа за хемиско инженерство во Македонија, единственото списание кое ја има таа функција. Имаме закон за високо образование каде што самиот бара од истражувачите да објавуваат во зборници со висок фактор на влијание.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците