СДСМ: Ви исклучуваат струја за 2 сметки?! Финансии комотно должи 8.000 евра!

Од:

„Министерството за финансии натрупало над 510.000 денари долг за неплатени сметки за струја.

Тоа е долг од над 8.000 евра!

Граѓаните седат во темно, во студено, готват на плинска боца, перат по соседи, поради неколку неплатени сметки за струја. Им се блокираат сметки, им се поднесуваат тужби, па им се удвојуваат и долговите и стресовите.

Но министерот Зоран Ставрески слободно таложи долгови од илјадници евра само за струја во Министерството за финансии.

1

Тоа министерство што тој го раководи со години, тоа министерство за коешто лично Ставрески ни кажа дека троши за “чоколади“ додека луѓето немаат за леб. Тоа министерство под раководство на тој Ставрески кој е креатор на историскиот јавен долг на Македонија од околу 4 милијарди и 400.000 евра.

Ставрески веднаш да им одговори на граѓаните за што се потрошени нивните 8.000 евра собрани преку даноци, со коишто требало да се плати струјата во јавната установа Министерство за финансии“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ

Опозицијата тврди: Наместо економски напредок, Македонија се соочува со стагнација

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори